Connect with us

Фудбал

„Речиси совршен натпревар“: Сепак, што, не му се допадна на Клоп?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека неговиот тим одиграл „речиси совршен“ натпревар против Атлетико Мадрид и додаде дека единственото нешто што не му се допаднало е тоа што морал да го замени Садио Мане на полувремето.

„Црвените“ на домашен терен славеа со 2:0 благодарение на головите на Јота и Мане. Шпанскиот тим имаше играч помалку во 36. минута, бидејќи Фелипе доби директен црвен картон.

„Натпреварот беше речиси перфектен, беше како што сакавме. Постигнавме голови во вистински моменти“ , изјави Клоп.

„Јасно ми е дека навивачите сакаат повеќе голови, а имавме навистина неверојатни можности. Не ми се допадна тоа што беше покажан црвен картон, не сакаме да играме против тим од 10 играчи. Но, крајниот резултат беше добар“.

Германскиот стручњак откри дека тоа не му се допаднало и дека на полувремето морал да го замени Мане, кој доби жолт кратон во 15. минута од натпреварот.

„Мислам дека тоа беше добра одлука. Но, не ми се допаѓа да морам да го носам. Не се грижев дека нема да може да ги контролира емоциите, тој беше мирен. Се плашев што ќе се случи ако некој од играчите на Атлетик падне во скокот. Видовте што прават, се тркалаа на теренот, се обидуваа да го изедначат бројот на играчи“.

„Црвените“ веќе обезбедија пласман во нокаут фазата од натпреварувањето, а до крајот на групната фаза ги очекуваат уште два натпревари.

„Победите во Лигата на шампионите носат многу пари. Тоа е важно за клубот. Секако, првата цел беше да се помине групата. Ни остануваат уште два натпревари. Ние сме Ливерпул, ќе се бориме до крај“ , заклучи Клоп