Connect with us

Фудбал

Палмеирас го сака Кавани

Бразилскиот гигант Палмеирас сака во своите редови да го доведе Единсон Кавани, напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Иднината на 34-годишниот уругвајски репрезентативец на „Олд Трафорд“ е неизвесна, бидејќи договорот му истекува летото 2022 година. Поради тоа Палмеирас веќе ја започна акцијата и сакаат да го фатат Кавани во јануари и да го вратат во Јужна Америка.

Сепак, се разбира, оваа приказна е далеку од завршена. Интерес за одличниот голгетер покажаа Бока Јуниорс, како и шпанските гиганти Реал и Барселона.

Кавани пристигна во Манчестер како слободен играч во текот на 2020 година. За двократниот европски првак одигра 47 натпревари. Има ефект од 18 гола и шест асистенции.