Connect with us

Фудбал

Чави веднаш го отпиша засилувањето на Куман, играчот се враќа дома во јануари

Барселона денеска го назначи Чави за нов тренер, а поранешниот играч од средниот ред и клупска легенда има голема работа пред него. Ќе има промена, а некои играчи кои ги донесе Роналд Куман чекаат лоши вести.

Прв во редот е напаѓачот Лук де Јонг кој го донесе Куман од Севиља. Не беше замислен како долгорочно решение во нападот, а постигна само еден гол на шест првенствени натпревари и е без голови на три настапи во Лигата на шампионите.

Веќе во јануари Барса сака да се ослободи од Де Јонг и да го врати во Севиља од каде што дојде на позајмица, а веројатно нема да биде единствениот што Чави ќе го отпише.

Чави доаѓа под услов да добие одреден буџет за засилувања во јануари, а приоритет ќе му биде крилниот напаѓач, иако за купување на истиот во зимскиот преоден рок ќе има на располагање максимални 20 милиони евра.

Тој исто така побара од клубот да му дозволи да го земе со себе целиот стручен штаб со кој работеше во Ал-Сад и сака да му се даде доволно време и простор да ја врати Барселона онаму каде што и припаѓа – на самиот врв и на шпански и европски фудбал.