Connect with us

Фудбал

Навивачите на Марсеј повторно се во центарот на вниманието

Навивачите на Марсеј направија нови проблеми.

Откако цел свет ги обиколи сликите на Нејмар, кој го чуваше полицијата кога изведуваше корнер на дуелот од францускиот шампионат, сега навивачите на овој клуб повторно се во центарот на вниманието.

Марсеј синоќа му гостуваше на Лацио во рамките на Лига Европа и заврши 2:2.

Беше многу возбудливо, а навивачите на францускиот тим не ги поштедија гостите.

Така на интернет се појави фотографија на која редарите со штитови го бранат играчот на Лацио кој изведува корнер.

Турски Галатасарај е лидер во оваа група со осум бодови, Лацио има пет, а Марсеј само четири. На последното место е Локомотив Москва со два бода.