Фудбал
Архитектонско чудо во Мадрид: Реал знае дека доби „рудник за злато“
Реал Мадрид објави видео кое ги прикажува функционалностите и можностите на реконструираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Новиот стадион на Реал се уште не е готов, а се очекува целата работа да биде завршена за една година. За овој „рудник за злато“ клубот инвестираше 700 милиони евра од кој во иднина се очекуваат огромни приходи.
Она што најмногу импресионира е системот кој тревата ја претвора во тениски и кошаркарски терени, но и сала за големи концерти.
Клубот од Мадрид се надева дека во иднина ќе биде домаќин на НБА и НФЛ натпревари и на тој начин ќе може да го извлече максимумот од оваа голема инвестиција.
Од клубот веруваат дека од стадионот ќе инкасираат и по 150 милиони евра годишно, па ќе бидат потребни само неколку години за ова „чудо“ да се исплати.
Новиот стадион на Реал Мадрид се очекува да го преземе приматот како најатрактивна туристичка локација во шпанската престолнина, а се наведува дека работите би можеле да завршат до крајот на 2022 година.
Отворањето на стадионот е планирано за 14 декември истата година.