Connect with us

Фудбал

Конте воодушевен: Не знам дали некој друг клуб во светот го има ова?

Тотенхем синоќа во 4. коло од Конференциската лига го победи Витесе со 3:2.

„Спарси“ водеа со 3:0, на крајот заврши 3:2 со дури три црвени картони. Ромеро беше исклучен од домашните, но гостите во финишот останаа без двајца. На крајот тесна победа за Спарс, но Антонио Конте е задоволен.

Во неговиот прв натпревар евидентно е дека има напредок, а навивачите се надеваат дека клубот ќе блесне во недела на гостувањето кај Евертон и дека ќе почне да се пробива до самиот врв.

„Сакам да ја вратам довербата на Тотенхем. Овој клуб има голем потенцијал. Бев воодушевен од стадионот и сите тие терени за обука и придружните содржини. Не знам дали постои друг клуб во светот со тие капацитети… Тотенхем е врвен клуб“, рече Конте.

Секаде каде што беше, Конте направи големи работи, како тренер на Јувентус, Челзи, а потоа и на Интер со кој минатата сезона го освои Скудетото.