Connect with us

Фудбал

Го напушти гламурот и го избра семејниот клуб: „Што ќе правам таму каде што кадетите носат несесери од 500 евра“

Секоја сезона Лига пет носи некои изненадувања, со исклучок на натпреварувачката 2021/22.

Првото изненадување во Бундеслигата дефинитивно може да биде тимот на Фрајбург, кој беше единствениот непоразен до минатиот викенд кога загуби од Баерн со 2:1.

Одбраната на тимот сезонава ја предводи одличниот Филип Лиенхарт.

25-годишниот Австриец кој досега ги одигра сите натпревари е опасен и во фазата на напад со два постигнати гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philipp Lienhart (@philipp_lienhart)

Стоперот го напушти Реал Мадрид во 2018 година, откако претходно четири години беше член на младинските селекции на Кралскиот клуб, а забележа и еден настап за првиот тим кога тренер беше Рафа Бенитез.

Судејќи по изјавите за германските медиуми, тој едноставно не може да се пронајде во Реал Мадрид, каде играчите на кадетските селекции живеат гламурозно како ѕвездите на првиот тим.

„Бев изненаден кога ги видов кадетите на Реал како се шетаат со несесери од 500 евра. Тоа е непотребно“, изјави Лиенхарт и додаде:

„Не е добро младите играчи да заработат толку пари, тие можат да ја загубат патеката и она што е најважно за нивните кариери. На тој начин се губат многу таленти“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philipp Lienhart (@philipp_lienhart)

Тој ја откри и главната разлика помеѓу Фрајбург и Реал Мадрид, велејќи дека германскиот клуб е повеќе фамилијарен, додека во најгламурозниот клуб на денешницата е поинаку.

Фрајбург во моментов е третопласирана екипа во Бундеслигата, но Лиенхарт не лета високо и понатаму е цврсто на нозе.

„ЛШ против Реал Мадрид. Воопшто не размислувам за тоа. Само вие новинарите ме потсетувате на таа можност“, заклучи Австриецот, кој во Фрајбург заработува 12.000 евра неделно.