Фудбал
Инсиње оди во МЛС?
Лоренцо Инсиње наскоро би можел да го напушти Наполи.
Имено, Наполи на искусниот фудбалер му понудил намалување на платата за 50 отсто, што тој не сака да го прифати.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и без обештетување ќе се пресели во нов клуб, а има неколку интересни понуди.
Тој и претходно беше поврзуван со Барселона, а како реална опција сега се споменува МЛС клубот ФК Торонто.
Importante offerta dai #Toronto: #Napoli, le ultime sul futuro di #Insignehttps://t.co/L5ULax7QPw
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) November 11, 2021
Ова го потврди Џанлука Ди Марцио.
Инсиње е четвртиот играч во историјата на Наполи по бројот на настапи, но се чини дека наскоро ќе ја промени средината и ќе се впушти во нови предизвици.