Фудбал
Очекувана „жртва“: Чави го казни првиот фудбалер на Барселона!
Чави Ернандез (41) постави доста ригорозни правила за фудбалерите по преземањето на тренерската функција.
Легендарниот фудбалер сака да внесе вистински професионализам во тимот и очигледно верува дека не им е доста од него во претходниот период.
Несериозниот пристап кон обврските во клубот денеска ја донесе првата казна, а ’жртва’ стана францускиот фудбалер Усман Дембеле.
View this post on Instagram
Французинот утрово не се појави на време во тренинг центарот. Дојде со задоцнување од три минути и тоа ќе го чини.
Против Дембел е покрената дисциплинска постапка бидејќи наместо во 8:30 пристигнал во 8:33 и најверојатно ќе биде казнет.
Дембеле и претходно имаше проблеми со дисциплината во клубот. Честопати прилично лесно ги преземаше обврските и знаеше да биде казнет од клубот.
View this post on Instagram
Францускиот фудбалер во претходниот период не беше во акција поради повреди кои му се случија и со кои имаше многу проблеми во изминатите години.
Скапото засилување на Барселона од 2017 година од 145 милиони евра не покажа речиси ништо на Камп Ноу и повредите го уништија.
Дембеле за каталонскиот гигант одигра вкупно 119 натпревари и постигна 30 голови.