Connect with us

Фудбал

Манчини застана пред микрофоните и веднаш го „казни“ Жоргињо

Ноќ како од кошмарите за Жоргињо, најдобриот играч на годината по избор на УЕФА.

Жоргињо е познат како немилосрден изведувач на пенали, барем така се додека не налета на Швајцарците во квалификациите за Светското првенство.

Фудбалерот од средниот ред на Челзи промаши два пенали на дуелите против Швајцарија, последниот може да биде кобен за директно одење на Мундијалот. Заврши 1:1 против Швајцарците.

Италијанците добија сомнителен пенал во последните минути, Жоргињо ја презеде одговорноста, го промени начинот на изведување на пеналот и прилично се посрамоти. Шутираше високо над голот.

Ова за Бразилецот со италијански пасош беше трет последователен промашен пенал во дуелите на репрезентацијата, па не чуди зошто Роберто Манчини го казни по натпреварот.

Иако Манчини прво го пофали 29-годишниот, тој рече дека „аѕурите“ ќе го сменат изведувачот на пенали.

„Ќе разговарам со него, но ќе го смениме изведувачот на пенали. Но, тој е клучен за нашиот тим бидејќи не е лесно да се изведе пенал во 90. минута“, изјави италијанскиот шампион.

Во пресрет на последното коло Италија и Швајцарија се изедначени на врвот на табелата со по 15 бодови. Италијанците ќе и гостуваат на Северна Ирска, а Швајцарија на Бугарија.

Наместо дуел се гледа гол разлика. Тука Италијанците имаат предност од +2 пред Швајцарците, па ќе биде многу возбудливо во решавачкиот меч.