Фудбал
Какво враќање на легендата на Камп Ноу: Клекна на колена и го бакна грбот на Барселона
Искусниот Бразилец Дани Алвеш (38) стана нов играч на Барселона.
По пет години, 38-годишниот дефанзивец се враќа во редовите на каталонскиот тим со кој потпиша договор до крајот на сезоната, со можно продолжување на соработката до јуни 2023 година.
Алвеш си го исполни сонот со враќањето на Камп Ноу, и со голем стил се враќа дома. Тој на Инстаграм објави фотографија на која го бакнува грбот на Барселона лоциран на стадионот и испрати силна порака до сите навивачи на клубот.
„Скоро пет години се борев како луд за да стигнам до оваа точка. Не знаев дека ќе биде толку тешко, но знаев дека ќе се случи. Се враќам дома од каде никогаш не требаше да заминам“ напиша Алвеш, додавајќи:
View this post on Instagram
„Јас сум еден од вас. Не знам колку долго ќе трае овој сон, но нека трае вечно. Се враќам дома“.
Дани Алвеш играше за Барселона од 2008 до 2016 година и беше член на една од најдобрите генерации што некогаш се појавиле.
Со каталонскиот гигант освои апсолутно се што можеше, а на 391 одигран натпревар постигна 21 гол.