Фудбал
Супербогатиот клуб тренерот го плаќа милион евра месечно, а работниците рачно го уредуваат теренот
Повеќето од најбогатите клубови денес доаѓаат од Англија.
Иако со години е без трофеј, Тотенхем е еден од најбогатите клубови на денешницата. Буџетот на клубот, според некои информации, е околу 450 милиони евра.
Најголемиот успех беше постигнат пред две години кога се играше финалето на Лигата на шампионите, оттогаш има благ резултатски пад и тренерската промена на клупите.
Актуелен тренер е Антонио Конте, кој беше назначен пред неколку недели. Италијанскиот стручњак ќе заработува околу еден милион евра месечно откако потпиша договор на 18 месеци.
Конте ја забележа првата победа на клупата на „Петлите“ во неделата, откако го совлада Лидс Јунајтед по пресврт, а пред натпреварот беше видена малку неверојатна сцена.
We know Antonio Conte is big on detail but this is unreal! Sideline being groomed by hand. #THFCLUFC pic.twitter.com/qLrxSKwanX
— Geoff Shreeves (@GeoffShreeves) November 21, 2021
Имено, луѓето задолжени за одржување на теренот рачно ја уредуваа страната на теренот, што изгледа навистина неверојатно со оглед на богатството на Тотенхем и скапата технологија на располагање.
Ваквиот начин на одржување на теренот, наводно, лично го побарал Конте, а на вработените во клубот сигурно не им било лесно, бидејќи воопшто не е интересно да се чепшка низ трева.
Инаку, стадионот на Тотенхем е еден од најмодерните стадиони во светот, неговата изградба чинеше околу милијарда фунти, но работниците беа принудени да ја одржуваат тревата на навистина необичен начин.