Фудбал
Крикот на Дончиќ ги загрижи сите во Далас
Словенечката кошаркарска ѕвезда ги пропушти последните три гостувања поради повреди на коленото и зглобот.
Дончиќ требаше да игра од вторник кон среда навечер против Клиперс во Лос Анџелес, но сега е јасно дека ќе го пропушти овој дуел, исто како што го пропушти и дуелот пред два дена на истите тимови.
Дончиќ вчера тренираше со соиграчите, но во натпреварот 5 на 5 одеднаш вресна поради болката што ја почувствува, па јасно е дека се уште не е доволно закрепнат. Тој се фати за левото колено, кое неодамна го повреди на натпреварот против Денвер Нагетс.
Тренерот Џејсон Кид брзо му пријде и му даде вреќа мраз да ја стави на коленото, а Дончиќ најверојатно ќе пропушти уште неколку натпревари во НБА.
Во Далас, пак, се надеваат дека Лука ќе биде целосно здрав кога ќе му биде најпотребно – во доцниот дел од сезоната и евентуално во плеј-офот, каде дефинитивно ги очекува Мавс.
На Далас не му оди баш најдобро без Дончиќ бидејќи загуби во последните три натпревари без него.