Connect with us

Фудбал

Пиоли и Милан ја продолжија соработката

Стефано Пиоли ја продолжи соработката со Милан.

Пиоли го продолжи договорот до 2023 година со опција за продолжување на уште една година.

Не го криеше задоволството.

Горд сум на досегашната работа со добри односи со управата, играчите…“, изјави Пиоли.

Пиоли го презеде Милан во 2019 година, а минатата сезона заврши на третото место во Серија А и за прв пат по долго време избори пласман во Лигата на шампионите.

По 13 кола во Серијата, Милан има 32 бода и го дели првото место со Наполи. Во Лигата на шампионите, Росонерите се трети во групата Б пред последното коло од групната фаза, изедначени со Атлетико. Двата тима постигнаа по четири поени. Ливерпул е прв со 15, а Порто втор со пет бода.

Да додадеме дека Пиоли во Милано пристигна од Фиорентина, а во својата богата тренерска кариера меѓу другите ги тренираше и Интер, Лацио, Сасуоло и Болоња.

Милан моментално е второпласирана екипа во шампионатот со ист број бодови како и лидерот Наполи.