Connect with us

Фудбал

Зидан е се поблиску до ПСЖ?

Зинедин Зидан е се поблиску до клупата на ПСЖ.

Зидан имаше понуда и од Јунајтед, но ја одби под изговор дека чека работа во француската репрезентација. Селекторското место ќе биде достапно само по Светското првенство следната година и се чини дека Зидан би можел да се врати во клупскиот фудбал.

ПСЖ му испрати понуда на Зидан и преговорите се во тек, па дури рекоа дека се согласуваат со клаузула според која тој може да го напушти клубот кога ќе добие понуда од Фудбалскиот сојуз на Франција.

Во наредните денови се би требало да биде појасно, но доколку Покетино го напушти ПСЖ и замине во Јунајтед, тогаш речиси сигурно е дека Зидан ќе биде негова замена на клупата на францускиот клуб.

Се ’загреа’ братот на емирот на Катар, Тамим бих Хамад, кој е сопственик на ПСЖ, со објава на Твитер.

Се е договорено, наскоро и официјално. Добре дојде Зезо“, напиша Халид бин Хамад бин Калифа.

Подоцна ја објави сликата на Зидан и напиша „добра ноќ“.

Што се крие зад овие најави останува да видиме.