Connect with us

Фудбал

Одлична вест: Кристијан Ериксен доби одобрение

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доби одобрение и може да започне со лесни тренинзи.

Ериксен веќе почнал да тренира со топка на терените на Одензе, пренесува италијанската „Gazzetta dello Sport“.

Да потсетиме, Ериксен падна на тревникот на мечот Данска – Финска минатото лето на ЕП 2020. Прво му помогна капитенот на данската репрезентација Симон Кјаер кој го стави во безбедна странична положба, а потоа лекарите неколку пати го реанимираа.

Ериксен потоа помина неколку дена во болница и му беше поставен дефибрилатор на срцето, поради што кариерата не може да ја продолжи во Италија, бидејќи беше член на Интер.

Сепак, поранешната ѕвезда на Ајакс и Тотенхем сепак сака повторно да биде на теренот и се споменува враќање во Ајакс бидејќи во Холандија има право да игра со вграден дефибрилатор. Моментално се подготвува во својата Данска и конечно доби тренерска лиценца.

Тој тренира во неговиот матичен клуб Оденсе. Во моментов најмногу трча, но има и вежби со топка или удари кон голот.

На Ериксен ќе му биде дозволено да игра со вграден дефибрилатор и во Англија, а се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, освен што нема да се врати во Интер. Ериксен има договор со Интер до летото 2024 година, но неговите приходи сега се целосно покриени од ФИФА.