Connect with us

Фудбал

Едвај дочекаа да си замине, па му посветија фантастичен транспарент

Оле Гунар Солскјер неодамна ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед.

По три релативно неуспешни сезони, раководството на „црвените ѓаволи“ реши да ја прекине соработката со норвешкиот стручњак.

Навивачите на Јунајтед ја прославија одлуката да го отпуштат Солскјер, но никој од нив не заборава што направи Оле за клубот како фудбалер.

Така вечерва на натпреварот против Арсенал на „Театарот на соништата“ беше поставен транспарент во чест на клупската легенда – Оле Гунар Солскјаер.

Солскјер го носеше дресот на Јунајтед од 1996 до 2007 година. Беше дел од една од најдобрите генерации во историјата на клубот и поради тоа се уште е миленик кај навивачите.

Тој одигра вкупно 366 натпревари за Јунајтед и постигна 126 гола.

Како тренер на Олд Трафорд одигра 168 натпревари и оствари 91 победа, 37 нерешени и 40 порази.