Connect with us

Фудбал

173 дена подоцна следеше нов почеток далеку од очите на јавноста

Никогаш не би било толку необично играч едноставно да трча и да ја шутира топката кон голот, но овој пат тоа е Кристијан Ериксен.

Данскиот репрезентативец пред само шест месеци се избори за сопствениот живот, откако доживеа срцев удар на мечот со Финска на ЕП, што подоцна доведе до поставување на дефибрилатор на неговото срце и тој тргнува во сосема нов живот.

Ериксен беше под договор со Интер, но правилата во Италија се такви што тој не можеше да игра со вградениот дефибрилатор, па постојат шанси кариерата да ја продолжи во поранешниот клуб Ајакс.

173 дена по инфарктот, Ериксен првпат тренираше со топка на теренот на дански Однезе. Трчаше, додаваше, шутираше и правеше чучњеви. Фотографии и видеа нема, бидејќи тој и тренерот сакаа се да се одвива далеку од очите на јавноста и да се врати на фудбалот во тишина.

Ериксен не се откажал од кариерата, ќе се обиде да ја оживее, но сега најважно е што се чувствува добро, што почнал да тренира, а следната сезона би можел да игра или во Холандија или во друга лига, која би можеле да бидат лигите во Англија. Данска или Белгија затоа што во тие земји е дозволено да се игра со дефибрилатор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)

Ериксен останува под грижа на кардиолог, постојано се подложува на прегледи, а секој следен чекор – како враќање на теренот – е внимателно испланиран. Според „Л’Екип“, Данецот се надева дека во јануари ќе дознае повеќе за својата иднина.

Пред него е уште еден месец индивидуални тренинзи, далеку од камерите, за да се врати во најдобра форма. Но, неговиот агент истакнува дека нема брзање, дека фудбалот сега е во втор план и дека се е подредено на неговото здравје и безбедност.

Во секој случај, има добри вести за тренинзите на Ериксен и сите вистински фанови на најважната споредна работа во светот сакаат што побрзо да го видат на зелениот терен и во натпреварувачки натпревар.

Да потсетиме, пред Интер играше за Тотенхем и Ајакс, иако како момче првите чекори ги научи во Однсе, каде сега тренира. За данската репрезентација одигра 109 натпревари и постигна 36 голови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Eriksen (@chriseriksen8)