Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер е нов лидер во Италија, го прегази противникот, еврогол на Чалханоглу, киксови на Милан и Наполи

Откако Милан одигра 1:1 на гостувањето кај Удинезе, Интер го искористи киксот на градскиот ривал, па со убедлива победа над Каљари од 4:0 го презема врвот во Италија со 40 бодови, еден повеќе од Милан, три од Аталанта, а четири од Наполи кој е поразен од Емплои на домашен терен.

Стрелци на головите за Интер против Каљари беа Мартинез, кој постигна два, Чалханоглу кој постигна прекрасен гол и Алексис Санчез.