Connect with us

Фудбал

Циркус во режија на УЕФА: Сите негодуваат само за една работа! (ВИДЕО)

УЕФА се најде во центар на скандалот за денешната ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Ждрепката за осминафиналето започна во 12 часот, а циркусот почна кога за двојката беше извлечена Виљареал – Манчестер Јунајтед, иако беше јасно дека не можат да играат бидејќи се во иста група.

После тоа Виљареал за противникот го доби Манчестер Сити, но скандалот продолжи.

Следниот извлечен беше Атлетико Мадрид, а менаџерот тогаш рече дека не можат да играат против Манчестер Јунајтед бидејќи тој веќе бил  во ждреб, иако тоа не е точно.

Атлетико за противник го доби Баерн, а шпанскиот клуб веднаш се пожали во УЕФА за се што се случува.

УЕФА соопшти и потврди дека ждрепката е поништена и дека повторно ќе се одржи од 15 часот, што е навистина неверојатно, што дозволиле сето тоа да се случи на ждрепката на најелитното клупско натпреварување во светот.

Она што многумина негодуваат е што УЕФА не упати ниту извинување за се што им се случи на сите „надворешни сили“.