Фудбал
ВИДЕО: Падна снег, а погледнете го теренот на македонски второлигаш, вистинска ораница
Лидерот во Втора лига-Запад, Силекс веројатно со службени 3:0 ќе го добие мечот против Велешта. Одлуката ќе биде донесена откако по втор пат е одложен мечот со Велешта, и откако домаќинот ги пречека гостите од Кратово со терен, најблаго речено вистинска ораница.
Овој меч требаше да се одигра во саботата, но поради врнежи од снег и немање услови беше одложен. Потоа од тимот на Велешта одлучиле снегот да го исчистат, но тоа го направиле со трактори, па наместо да го средат, уште повеќе го уништиле теренот.
Видеото е преземено до Спортска Мрежа