Фудбал
Беше сон за Зидан, а Чави воопшто не го сака во својот тим
Барселона не е тоа што беше. Жоан Лапорта е пред тешката задача да го врати славниот каталонски великан на патеките на старата слава.
Лапорта е во одлични односи со Мино Раиола. Претседателот на Барселона пред неколку дена имаше вечера со еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот.
На менито имаше неколку имиња. Се истакнаа тројца играчи Чави Симонс, Нусаир Мазрауи и Пол Погба, кои можеа да им бидат од корист на „каталонците“.
Доаѓањето на Симонс од ПСЖ и Мазрауи од Ајакс не е толку комплицирано како Погбин. Причината е тренерот Чави Ернандез.
Погба влегува во последните шест месеци од договорот и клубовите можеа да преговараат за неговото доаѓање од јануари, но Чави бара поинаков профил на играч од средниот ред.
Надежниот тренер е за прочуениот профил на „DNA Barca“ од средниот ред, односно оној кој не е физички доминантен, но е технички неприкосновен и за поседување на топката.
Погба има репутација на еден од најдобрите играчи за врска во светот, а интересно е што долго време беше голема желба на Зинедин Зидан додека Французинот беше тренер на Реал.
Зидан во неколку преодни рокови бараше да биде доведен Погба, но таа желба остана неостварена.
Сепак, 28-годишниот фудбалер би можел да заврши во Мадрид бидејќи Реал ќе се обиде да го искористи тоа што ќе го донесе бесплатно, дури и кога Зидан повеќе не е на клупата.