Connect with us

Фудбал

Шевченко и тимот чекорат кон Серија Б: Лацио лесно ја совлада Џенова

Лацио вечерва ја совлада Џенова со 3:1 во 18. коло од Серија А.

Во осмата минута првата шанса ја имаше Педро, но Сиригу одбрани. Во 35. минута гостите бараа пенал, но судијата не одговори, а минута подоцна стигна казната.

Стрелец на водечкиот гол за домаќините беше Педро во 36. минута. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Немаше поголеми возбудувања во вториот дел до 75. минута кога Ачерби зголеми на 2:0.  Шест минути подоцна дефинитивно се беше решено, а Закањи погоди. Мелегони во 86. минута само успеа да го ублажи поразот на гостите.

Горан Пандев на овој натпревар не успеа да постигне гол, а во 59. минута го напушти теренот, за на негово место да влезе Екубан.

Со оваа победа Лацио се искачи на осмото место со 28 бодови, додека Џенова остана на 19. место со само десет бодови.

Во следното коло Лацио гостува кај Венеција, додека Џенова ќе ја пречека Аталанта.

Ова за Шевченко беше петти пораз на клупата на Џенова во лигата, а има и едно реми. Единствената победа во Купот ја постигна против Салернитана.