Фудбал
ШОКАНТНА ВЕСТ! Убиен поранешен фудбалер на Астон Вила и Валенсија
Поранешен младински фудбалер на Стоук Сити, Астон Вила, Валенсија, Леванте и Бристол Сити е убиен вчера на Бермуди.
Осаги Баском ја предводеше репрезентацијата на Бермуди до 19 години во Год Купот во 2019 година, а вчера беше избоден до смрт по инцидент во ноќен клуб.
„Во овој момент имаме малку детали и полицијата ги повикува сите кои имаат информации за инцидентот да контактираат со детективите кои го водат случајот“, изјави портпаролот на полицијата на Бермуда.
Последниот тим за кој играше Баском беше Дарлингтон ФК, во англиските пониски лиги.
23-годишниот фудбалер настапи на 18 натпревари за Бермуди и постигна еден гол, настапувајќи за младинските селекции на таа земја.