Фудбал
Обложувалниците веќе исплаќаат добивки за погодениот англискиот шампион
Манчестер Сити во 2022 година ќе влезе како водечки тим во Премиер лигата.
Граѓаните предводени од Пеп Гвардиола имаат шест бода предност пред Ливерпул и Челзи, а таа разлика може да биде уште поголема вечерва доколку Сити го победи Брентфорд.
Некои обложувалници веќе го гледаат Сити како нов шампион и решија да им исплатат добивки на сите обложувачи кои вложиле пари во триумфот на Сити.
Секој што сака пари може без проблем да си ги земе, а ова секако е интересна одлука.
„Доволно видовме. Мислам дека се е готово. Тие постигнаа 17 гола на последните три натпревари и го имаат најдобриот менаџер во светот. Секој што сака, јас им плаќам пари на сите што играа во Сити“, рече еден од шефовите на обложувалницата.
Интересно, англиската обложувалница Бетфред, која сега нуди исплата, ги исплати парите за триумфот на Јунајтед во 2012 година, но на крајот Сити прв ја мина целта во неверојатна завршница на сезоната.