Фудбал
Роналдињо без сомнение: Најдобрите играат во ПСЖ и тоа е најдобриот тим во светот
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо смета дека тимот на ПСЖ е најдобар во светот.
Познатиот волшебник зборуваше за статусот на Килијан Мбапе во клубот и верува дека тој ќе остане во „најдобриот тим на светот“.
„Секој играч на светот сака да игра за ПСЖ. Најдобрите во светот играат за ПСЖ и тоа е најдобриот клуб во светот. Верувам дека Килијан Мбапе ќе биде тука уште долго време“, рече Роналдињо.
Сепак, тешко е да се очекува дека Мбапе ќе остане во Париз следното лето бидејќи не крие дека негова желба е да се пресели во Реал Мадрид.
Роналдињо за францускиот великан играше од 2001 до 2003 година и во тој период постигна 25 гола на 77 натпревари.
После тоа, најдобрите денови од кариерата ги помина во Барселона, а потоа играше за Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе, каде што ја заврши кариерата во 2015 година.