Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Камерите ги „уловија“ Лукаку и Зијех како се расправаат на полувреме, а Тухел вели-Па тоа е нормално!

Фудбалерите на Челзи синоќа освоија само бод на гостувањето кај Брајтон (1:1) во 24. коло од Премиершип.

Сините водеа со 1-0 по првото полувреме кога Хаким Зијех успеа да ја затресе мрежата на домаќините, но во продолжението од натпреварот Брајтон со голот на Вебстер успеа да стигне до реми.

Челзи синоќа не блескаше, а најмногу критикувани беа Ромелу Лукаку и Зијех, кои не го одиграа натпреварот според очекувањата.

На социјалните мрежи се појави и видео од крајот на првото полувреме, кога камерата ги сними Зијех и Лукаку како се расправаат, и тоа на холандски.

Сепак, англиските медиуми набрзо открија дека се зборува за еден напад на Челзи кога Зијех центрираше отстрана, но Лукаку не успеа да постигне гол.

Белгиецот му објасни на Мароканецот дека премногу силно центрираше и не можеше да ја смири топката, а Зијех се правдаше дека тоа не е така, и дека Лукаку не реагирал добро во таа ситуација.


По мечот за разговорот на неговите фудбалери бил информиран и Томас Тухел, а еден од новинарите прашал дали е се во ред меѓу Зијех и Лукаку.

„Па, нормално е да зборуваат така и нормално е да не се радуваат кога нешто не оди добро“, прокоментира тренерот на лондонскиот клуб.