Фудбал
Ристовски и Адеми немоќни, “покер” на Милан во Загреб (ВИДЕО)
Милан го декласираше Динамо Загреб на гостински терен со 4:0. Македонските репрезентаривци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со нивните соиграчи беа немоќни. Габиа, Леао, Љубичиќ автогол и Жиру беа стрелци на головите. Од оваа група Челзи обезбеди пласман во осминафиналето, а во последното коло Милан и Салцбург во директна пресметка одлучуваат за тоа кој ќе биде вториот патник. Динамо Загреб е последен во групата, па треба да се случи чидо во последното коло за да го освојат третото место и да продолжат во Лига Европа.