Фудбал
Селекторот на Франција потврди: Вратата за Мундијалот во Катар за Канте е затворена!
Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор. Светската шампионска титула освоена во Русија пред нешто повеќе од четири години ја брани француската селекција, која на Мундијалот ќе пристигне без еден од најголемите столбови на тимот, потврди и селекторот Дидие Дешамп.
-Што се однесува до Мајк Маињан и Рафаел Варан, кои се повредени, денеска не можам да одговорам бидејќи ги немам сите елементи, но вратата останува отворена за нив. Единствениот за кого е затворена вратата е Нголо Канте. За останатите ќе треба да видиме каква е ситуацијата со нивните повреди, изјави Дешам.
Да потсетиме, Канте неодамна го оперираше тетивата и ќе отсуствува најмалку четири месеци, односно барем до февруари 2023 година, кога нема да може да игра ниту за Франција, ниту за Челзи.