Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити со играч помалку, во 95-та минута дојде до победа, кој друг ако не Халанд (ВИДЕО)

Манчестер Сити на домашен терен потешко од очекувањата славеше со 2:1, а пред се тоа е поради црвениот картон на Кансело во 26-та минута, па речиси цел меч играа со 10 играчи.

Манчестер Сити стартуваше без Ерлинг Халанд и Фил Фоден, но се започна добро бидејќи Алварез ја продолжи голгетерската серија, по асистенција на Гундоган погоди за 1-0. Потоа следуваше тој фамозен момент и црвениот картон на Кансело, а Андреас Переира го реализираше пеналот за 1:1.

Пеп Гвардиола беше принуден да ги внесе во игра Ерлинг Халанд и Фил Фоден за да тргне во целосна офанзива. Во 75. минута Халанд постигна гол со глава по центаршутот на Де Брујн, но ВАР сигнализираше офсајд, па голот беше поништен.

Во последните моменти од мечот Де Брујн на искуство изнуди пенал, а Халанд ги презеде работите во свои раце и погоди за 2:1 и голема победа на „Граѓаните“!


Standings provided by Sofascore