Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас го реши победникот во Бергамо, никој не може да го победи Наполи (ВИДЕО)

И по 13 кола во Серија А, Наполи останува единствената непоразена екипа. 11 победи, две нерешени исходи, 35 бодови за осум бодови предност во однос на второпласираната Аталанта, која среде Бергамо вечерва беше совладана со 2:1.

А, на овој меч домаќините поведоа. Лукман во 19-та погоди за 1:0, сепак радоста траеше многу кратко, откако во 23-та Осимхен погоди за 1:1. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 35-та минута погоди за целосен пресврт и нови големи три бодови за Наполи.

Колку добро игра Наполи сезонава доволно покажува податокот дека немаат пораз на ниту едно дерби досега. Освен тоа што вечерва ја совладаа Аталанта со 2:1 на гости, исто така на гостински терен сезонава беа подобри од Рома со 1:0. Претходно како гостин добија уште два дерби меча, против Милан со 1:2 и со истиот резултат против Лацио во Рим. Од дерби мечевите му остануваат уште Јувентус и Интер, но тие се на програмата по паузата поради Светското првенство.


Standings provided by Sofascore