Connect with us

Фудбал

Леао го имитира Роналдо

Прославата на Кристијано Роналдо на голот против Шериф во Лига Европа, прв меч од прва минута по подолга пауза и по суспензијата откако предвеме напушти меч на Јунајтед во Премиер лигата,  стана вирална. Многумина головите ги прославуваат на тој начин како Роналдо, со двете раце споени на градите. Последен кој го прослави голот на тој начин е Леао од Милан против Фиорентина кога погоди за 1:0 во 2-та минута од мечот. Овој дуел заврши со победа на Милан од 2:1.

Роналдо на овој начин тогаш го прослави голот сакајќи да испрати порака до сите дека е спокоен, бидејќи на големо се пишуваше дека ќе замине од Манчестер Јунајтед, дека не е во добри односи со тренерот Тен Хаг, а се разбира по големите критики кога одби од клупа да влезе и предвреме го напушти мечот по што беше суспендиран еден меч. Потоа се врати против Шериф од прва минута во Лига Европа и постигна еден гол во победата од 3:0.