Фудбал
На Роналдо му „пукна филмот“: Зборувам кога сакам и за што сакам!
Капитенот на селекцијата на Португалија Кристијано Роналдо се појави на прес конференција во Катар, во пресрет на мечот со Гана кој се игра за три дена. Тој е главна тема во светот на фудбалот поради контроверзното интервју, а со оглед на тоа дека прв пат се појавува пред новинарите, тие имаа многу прашања за него. Поради тоа му „пукна филмот“.
-Понекогаш ја пишувате вистината, понекогаш лажете. Не ми е гајле што мислат другите. Зборувам кога сакам, и сите многу добро знаат кој сум и во што верувам. Ме познаваат овде од мојата 11 година нема да има никакво влијание од она што луѓето го зборуваат и пишуваат за мене“, изјави Роналдо.
Тој рече ситуацијата нема да се одрази во репрезентацијата.
Роналдо негираше дека има некаков проблем со соиграчот од клубот и репрезентацијата Бруно Фернандеш.
„Имам одличен однос со него. Неговиот авион доцнеше и го прашав дали дојде со брод, се пошегував со него“, изјави Роналдо.
„Секогаш има простор за гласини, го знам тоа… Но атмосферата е навистина одлична. Разговарајте со другите играчи за Светското првенство, а не за Кристијано Роналдо“, заклучи на прес-конференцијата која траеше 22 минути.