Connect with us

Фудбал

Шпански „АС“ најавува скандал: Аргентина намерно загубила од Саудиска Арабија

Шокантен пораз на Аргентина од Саудиска Арабија, но уште пошокантен текст на шпански „АС“. Имено, овој медиум тврди дека „Гаучосите“ намерно загубиле од Саудиска Арабија. Шпанскиот весник исто така тврди дека капитенот на Аргентина, Лионел Меси потпишал договор на почетокот на оваа година да биде спортски амбасадор на Саудиска Арабија. Ова за нив е доволна причина дека нешто не е во ред со овој резултат.

„Шокантниот пораз не тера да размислиме како е можно Саудијците да ја прекинат тригодишната серија на Лионел Меси и Гаучосите од 36 натпревари без пораз. Тимот кој е фаворит за освојување на титулата. Покрај сето тоа, се чини дека Меси е промотор на Саудиска Арабија. Веројатно најдобриот и најпознатиот фудбалер на светот во мај годинава потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија. Договорот конкретно зборува за државни инвестиции во туризмот, но не може да остане незабележано дека Саудиска Арабија сака да биде отрганизаторт на Светско првенство во 2030 година“, пишува „Ас“.