Фудбал
Катар немоќен, прва победа на Сенегал (ВИДЕО)
Домаќинот на СП, селекцијата на Катар загуби и на вториот меч на Мундијалот. Овој пат поуспешен од нив беше Сенегал со 3:1. Диа во 41-та минута го отвори резултатот, а Диедиу по три минути игра во вториот дел зголеми на 2:0. Со оглед на прикажаната игра на Катар, јасно беше кој ќе ја однесе победата на овој меч. Сепак, малку искри на надеж за нешто позитивно донесе Мунтари во 78-та минута кога го намали резултатот на 2:1, но во 84-та минута Диенг постигна нов гол во корист на Сенегал и со ова го постави конечниот резултат 1:3.
Од оваа група попладнево играат Холандија и Еквадор, кои по првото коло имаат по 3 бода. Победникот од овој дуел ќе го завери пласманот во следната рунда. Три бода има и Сенегал по денешниот триумф против Катар кој е последен на табелата без ниту еден бод.