Connect with us

Фудбал

Саудиска Арабија денеска против Полска, ново изненадување?! Како селекторот ги мотивираше за на полувремето со Аргентина (ВИДЕО)

Откако направи шокантен пресврт на мечот со Аргентина и победи со 2:1 на првиот меч од СП во Катар, селекцијата на Саудиска Арабија попладнево во 14 часот игра против Полска. Повторно се аутсајдери според квалитетот на поединците, но тоа се покажа и на дуелот со Аргентина дека не мора ништо да значи. Дали имаат сили за ново изненадување останува да се види. Како и да е, видеото од соблекувалните на полувремето со Аргентина, како нивниот селектор ги мотивира е голем хит на социјалните мрежи. Дали селекторот Ренар ќе успее повторно да ги мотивира, ќе видиме од 14часот.