Фудбал
Австралија го совлада Тунис, огромен чекор кон нокаут фазата (ВИДЕО)
Селекцијата на Австралија го совлада Тунис со 1:0 и со тоа стигна до првите 3 бода на СП во Катар. Со оваа победа, а во зависност од другите резултати, пред се на меѓусебниот помеѓу Франција и Данска, сега Австралија има шанса за нокаут фазата. Во случај вечерва Данска да загуби од Франција, или да одигра реми, во последното коло овие две селекции во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат кој ќе оди понатаму. Во поповолна ситуација секако е Австралија.
Единствениот гол на денешниот меч беше дело на Дјук во 23-та минута.