Connect with us

Фудбал

Саудиска Арабија немаше сили за ново изненадување, Левандовски со прв гол на Мундијалите (ВИДЕО)

Полска ја совлада Саудиска Арабија со 2:0 и изби на првото место на табелата со 4 освоени бодови. Саудиска Арабија остана на 3, а вечерва ќе гледаме супер пресметка помеѓу Аргентина и Мексико.

За пласман во осминафиналето, ќе одлучува последното коло, а многу нешта ќе зависат од вечерашната пресметка.

Инаку, Полска се покажа на денешниот меч како поискусна, погодија преку Зиелински во 39-та и Левандовски во 82-а минута, што е прв гол на популарниот Лева на Светски првенства.

Мора да се каже дека Саудиска Арабија и денеска одигра одлично, статистиката беше на нивна страна, но немаа ниту среќа. Промашија пенал на 1:0, поточно во првата минута од судиското продолжување од првиот дел. Давсари не успеа да погоди.

Но, за Саудиска Арабија уште ништо не е готово, пласман во осминафинале може да „брка“ на последниот меч од групната фаза против Мексико.