Connect with us

Фудбал

Каков гаф на ФИФА, па ова ли е голманот на Хрватска?! (ФОТО)

ФИФА подготви „фантази“ фудбалски натпревар за потребите на Мундијалот, а голем превид е направен и со голманот на Хрватска, Доминик Ливаковиќ.

Тоа е официјална апликација на светската фудбалска организација, во која играчите собираат поени со избирање на нивниот тим составен од фудбалери на Светското првенство и настап на играчите во реални натпревари.

Голем гаф беше направен во случајот со голманот на Хрватска и Динамо Загреб, откако наместо него на неговиот профил беше ставена фотографија од Александар Домингез, резервниот голман на Еквадор.

Праксата во ситуации кога нема слика од играч е да се внесе генерички карактер, но ФИФА направи апсолутен превид овде.

Сигурно никој во светот не би можел да го препознае Ливаковиќ врз основа на оваа репрезентација.