Connect with us

Фудбал

Што се случи со првиот голман на Мароко, ја пееше химната, а потоа го снема, на негово место резервата (ФОТО)

Мароко е хит на првенството. Лидери се во групата, пред Белгија, Хрватска и Канада, откако денеска славеа со 2:0 против Белгија. Но, интересен момент се случи пред самиот меч. Имено, првиот голман Боно се појави на пеењето на химната, а потоа го смена. На неговот место мечот од почеток го почна резервниот голман. Првичните информации се дека одеднаш му се слошило, што се гледа и по фотографиите за време на интонирањето на химната. Засега нема детали за точната дијагноза за здравствената стостојба.