Connect with us

Фудбал

„Бомба“ во Торинo: Ањели и Недвед заминаа од Јувентус, оставка поднесе целиот Управен одбор

Се чини дека претстои голема „чистка“ во најтрофејниот клуб од Апенините.

Синоќа од Јувентус си заминаа Андреа Ањели, долгогодишен претседател на Јувентус и Павел Недвед, потпретседател и десна рака на Ањели. Оставки поднесоа и останатите членови на управниот одбор.

Ова го означува и крајот на ерата на Ањели, Андреа е на кормилото на торинскиот клуб од 2010 година. За претседател сега е назначен Џанлука Фереро.

Италијанските медиуми пишуваат дека причина за оставките е истрагата за Јувентус околу финансиските малверзации, пред се со трансферот и платите на Кристијано Роналдо.