Фудбал
Италијанските медиуми тврдат: Јувентус би можел да биде исфрлен во Серија Б?!
Италијанскиот гигант Јувентус го тресе нова афера поради прекршување на финансиските прописи. Клубови од Италија, вклучувајќи ги Јувентус, Наполи и Сампдорија, се под истрага за вештачко надувување на вредноста на трансферите, но во случајот со Јувентус, постои сомнеж за дополнителни малверзации.
Имено, за време на избувнувањето на пандемијата на коронавирус во 2020 година, 23 првотимци на „Стара Дама“ потпишаа анекси на договорот со кои им беа намалени платите за клубот да преброди тежок период. Сепак, обвинителството тврди дека тие анекси биле фиктивни и дека Јуве незаконски им ја исплатил на играчите целата плата, но потпишаните анекси му овозможиле да плаќа помал данок.
Да потсетиме, во 2006 година, по избивањето на скандалот „Калчополи“, Јувентус беше исфрлен од Серија Б, а на клубот ретроактивно му беа одземени титулите. Порталот Football Italia тврди дека постои можност ова да се повтори, доколку истрагата утврди дека гореспоменатите финансиски малверзации му помогнале на Јувентус да го регистрира тимот и да се натпреварува во највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај исклучување од лигата, можна е и помала казна во вид на одземање бодови.
Инаку, доцна синоќа целото раководство, поднесе оставка.
Клубот го напуштија претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабене, како и голем број помали функционери. Тоа се Лоренс Дебро, Масимо Дела Рагионе, Катрин Финк, Даниела Марилунго, Франческо Ронкаљо, Џорџо Такија и Сузан Кејвуд.
Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед и Маурицио Аривабене, луѓе кои го напуштија клубот.