Фудбал
ФИФА ја казни Германија!
Германија е казнета со 10.500 долари поради тоа што не стави играч на прес-конференција пред натпреварот против Шпанија на Светското првенство.
Како што беше соопштено, прекршено е правилото на прес-конференцијата. Покрај казната, ФИФА ги предупреди и „панцерите“ дека доколку се повтори слично сценарио, казната ќе биде поригорозна.
Само тренерот Ханси Флик присуствуваше на задолжителниот медиумски настан ден пред натпреварот, а таму требаше да биде и најмалку еден играч, но Флик реши да ги поштеди од долгиот пат за подобро да се подготват за натпреварот.