Фудбал
ФИФА подготвуа револуционерни промени за следното Светско првенство, победник ќе мора да има!
Светското првенство во Катар се разгорува, а ФИФА веќе планира новитети за шампионатот во 2026 година, кој ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Британски The Athletic пишува дека една од новите карактеристики е воведувањето на пенали во случај натпреварите во групната фаза да завршат нерешено.
Победникот од таа серија би добил дополнителен поен. Една од можностите е да се изведат пенали и пред самиот натпревар, за да се избегне средување и местење на резултатите на репрезентациите.
Причината поради која ФИФА планира промени е тоа што на следното Светско првенство ќе учествуваат 48 репрезентации. Тие ќе бидат поделени во 16 групи со три екипи. Во нокаут фазата ќе одат двете првопласирани селекции од секоја група. Атлетик пишува дека е можно ФИФА дотогаш да го промени системот на натпреварување. Една од идеите е да се поделат 48-те репрезентации во 12 групи со по четири селекции. Поминуваат двете најдобри селекции во групата и осумте најдобри третопласирани.