Connect with us

Фудбал

Подгответе се за супер мечеви, Хрватска, Белгија или Мароко?!

Доста возбудувања во последното трето коло на СП во Катар во изминатите денови. Се очекува и вечерва да биде така. Од 16 часот на програмата се мечевите од Група Ф. Три селекции имаат можност за осминафинале. Хрватска и Мароко имаат по 4 бодови, Белгија 3, а Канада ги загуби сите шанси.

Дербито е помеѓу Хрватска и Белгија. Хрватите играат добро, а Белгија според она што го покажа досега, ќе треба да го поправи впечатокот ако сака да се пласира во осминафиналето. Мароко е хит, со 2:0 ја совлада Белгија, одига реми со Хрватска, па е голем фаворит на мечот со Канада. Потребно му е реми да го потврди пласманот во осминафиналето, за да не чека расплет од мечот Хрватска-Белгија.