Connect with us

Фудбал

Прво со тупаници, а потоа со нож, навивач полуде по елиминацијата на Мексико (ВИДЕО)

Дека мексиканските навивачи се едни од најжестоките и „најлудите“ е познат факт, а во тоа можевме да се увериме по елиминацијата на оваа селекција од Светското првенство во Катар.

Иако телевизорот не е виновен за неуспехот на неговата репрезентација, еден огорчен мексикански фудбалски навивач реши на него да го извади целиот гнев што го насобра по елиминацијата од Светското првенство.

Во последното коло од групната фаза Мексико ја совлада Саудиска Арабија со резултат 2:1, но тоа не беше доволно за пласман во осминафиналето.

Неуспехот тешко падна на еден навивач кој целосно му го искрши телевизорот. Прво удри со тупаници по екранот, а потоа зеде нож и со сета сила го пикна во веќе скршениот екран.