Connect with us

Фудбал

Судијата покажа пенал за Хрватска, а потоа ја смени одлуката, досуди офсајд, еве зошто?!

Хрватска и Белгија во моментов играат меѓусебен дуел за пласман во осминафиналето на СП во Катар. Со оглед на тоа дека Мароко веќе води со 2:1 против Канада, вториот патник се решава на дуелот Хрватска-Белгија.

Јаник Караско во 15. минута го удри Андреј Крамариќ по ногата, а англискиот судија Ентони Тејлор веднаш покажа на пенал на мечот меѓу Хрватска и Белгија.

Но, Германецот Марко Фриц од ВАР-собата се јави и му сигнализираше на Англичанецот да ја прегледа снимката поради офсајд, претходно во акцијата. Фриц со својот тим, Полјакот Томаш Квјатковски и сонародникот Рафаел Фолтин увиде дека Дејан Ловрен е во офсајд за време на центаршутот.

Ловрен и Јан Вертонген беа еден до друг, буквално, а графиката која ФИФА ја понуди во преносот кажува зошто е досуден офсајд. Според неа, Хрватот е во офсајд, поради дланката.

Тејлор ја поништи првичната одлука и покажа на задната страна, а на хрватската репрезентација ништо не им беше јасно.