Фудбал
„Марка“ објави дека е официјално: Роналдо потпиша за новиот клуб, ќе добива 200 милиони евра годишно
Шпанска „Марка“, која пред неколку дена објави дека Кристијано Роналдо е во преговори со Ал Наср од Саудиска Арабија,с ега тврди дека Португалецот го ставил својот потпис на договорот. Од први јануари, Роналдо се сели во Саудиска Араибија, а договорот е на 2,5 години. Според „Марка“ тој ќе заработува неверојатни 200 милиони евра по сезона, што секако е апсолутен рекорд во фудбалската историја.
Манчестер Јунајтед и Роналдо го раскинаа договорот непосредно пред почетокот на СП во Катар, поради контроверзното интервју кое го даде Португалецот, а во кое ги искритикува сите, почнувајќи од стручниот штаб, раководството, па се до одредени фудбалери.