Фудбал
Селекторот на Јапонија се поклони на навивачите(ФОТО)
Јапонија е елиминирана во осминафиналето на СП во Катар, откако загуби од Хрватска на пенали. Можеа и подалеку, но ете, во пенал рулетот на висина на задачата беше хрватскиот голман Ливаковиќ кој одбрани три пенали.
Хаџиме Моријасу, селектор на Јапонија, направи потег кој што досега ниту еден од селекторите или играчите не го сторил тоа. Имено, тој им се поклони на навивачите, кои од Јапонија допатувале во Катар да ја бодрат својата селекција. И, навистина имаа можност да уживаат, пред се во две големи победи, во групната фаза против Германија и Шпанија. Повеќе среќа следниот пат.