Connect with us

Фудбал

Сеќавање: Поминаа 31 година, Најдоски капитен, Панчев стрелец, победа и врвот на светот

Црвена звезда стана светски шампион пред точно 31 година победувајќи го Коло Коло во Токио со 3:0, а црвено-белите сега традиционално го одбележаа 8 декември.

Херојот на екипата на Црвена звезда предводена од Владица Поповиќ од клупата, во таа игра беше најмладиот член на тимот – Владимир Југовиќ. Тогашниот 22-годишен фудбалер го најави големото славје на црвено-белите со головите во 19. и 58. минута, а крај на мечот стави Дарко Панчев со гол во 72. минута.

Црвена звезда настапи во следниот состав: Милојевиќ, Радиновиќ, Василијевиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Стошиќ, Ратковиќ, Панчев, Савиќевиќ, Михајловиќ. Илија Најдоски тогаш беше капитен на Црвена звезда.